Македонија заплива во Јужен тек

Bez autora
Jul 04 2012

Македонија дефинитивно е дел од гасоводот Јужен тек. Предавањето на нацрт-спогодбата е потврда од Владата на Руската Федерација и Газпромм дека Македонија е дел од овој енергетски проект, чија изградба треба да почне на крајот на оваа година, а да заврши до крајот на 2015. Веќе нема дилема - Македонија се вклучува во меѓународниот гасоводен коридор Јужен тек, како што беше усогласено со премиерот Никола Груевски и претседателот Владимир Путин. Го добивме текстот на нацрт-спогодбата за приклучување на Македонија во Јужен тек. Според него ова претставува извонреден успех за Република Македонија, бидејќи се решава стратешко крупно прашање за долгорочната енергетска стабилност на државата. Задоволен сум што во краток рок успеавме практично од позиција во која не беше планирано вклучување во Јужен тек преку многубројните контакти, преку средбите што ги имавме на највисоко ниво, да добиеме согласност од Газпромм и Владата на Руската Федерација крак од гасоводот да минува низ Македонија.

Македонија заплива во Јужен текМакедонија дефинитивно е дел од гасоводот Јужен тек. Предавањето на нацрт-спогодбата е потврда од Владата на Руската Федерација и Газпромм дека Македонија е дел од овој енергетски проект, чија изградба треба да почне на крајот на оваа година, а да заврши до крајот на 2015.

- Веќе нема дилема - Македонија се вклучува во меѓународниот гасоводен коридор Јужен тек, како што беше усогласено со премиерот Никола Груевски и претседателот Владимир Путин. Го добивме текстот на нацрт-спогодбата за приклучување на Македонија во Јужен тек - изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во Нижни Новогород, каде што се одржа шестата седница на Мешовитата македонско-руска комисија.

Според него ова претставува извонреден успех за Република Македонија, бидејќи се решава стратешко крупно прашање за долгорочната енергетска стабилност на државата.

- Задоволен сум што во краток рок успеавме практично од позиција во која не беше планирано вклучување во Јужен тек преку многубројните контакти, преку средбите што ги имавме на највисоко ниво, да добиеме согласност од Газпромм и Владата на Руската Федерација крак од гасоводот да минува низ Македонија. Со тоа практично се решава прашањето за снабдување со гас на сите идни генерации, а најзначајно е за стопанството на РМ бидејќи ќе направи тоа да биде многу поконкурентно и да има стабилен извор на гас и да се добие по соодветна цена - укажа Ставрески.

Откако правни и енергетски експерти ќе ја проучат спогодбата и ќе се доусогласи текстот како и во другите седум држави кои се вклучени во проектот ќе треба да се формира мешовита компанија која ќе работи на реализација на кракот од гасоводот во Македонија. Договорот се очекува официјално да биде потпишан за неколку месеци. Плановите се градбата на Јужен потокк да почне во декември годинава во Русија во деловите каде ќе бидат изворите на гас и постепено до крајот на 2015 година да заврши комплетно. Јужен тек, кој има два крака, од Русија треба да поминува низ Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија и Австрија и вториот преку Грција и Албанија до Италија. За Македонија ќе биде пуштен крак кој засега не е утврдено дали ќе биде од Грција или од Србија. Приклучувањето на Македонија во овој проект е од интерес за гаѓаните и компаниите во Македонија, како и за ширење на пазарот на руската компанија.

Заменик министерот за регионален развој, Максим Травников, потенцира дека реализацијата на проектот е важен за модернизација на целиот енергетски систем и за развојот на Македонија.

- Вклучувањето во Јужен тек ќе ја зголеми енергетската сигурност на Македонија и ќе го подобри начинот на живот на граѓаните - изјави Травников и изрази надеж дека во најскоро време се што треба ќе биде усогласено, а двете страни ќе бидат задоволни.

Реализацијата на проектот се очекува да почне на крајот на декември оваа година и да заврши до крајот на 2015, а зависно од деталите понатаму ќе се види кога точно ќе биде изграден кракот кон Македонија.

Во рамки на работата на меѓувладината комисија, како што истакна вицепремиерот Ставрески, значајно е и потпишувањето на Меморандумот за соработка со Стројтрансгасс што е исто така чекор напред во изградба на националната гасоводна мрежа.

Вицепремиерот Ставрески изрази уверување дека постојат и уште многу можности за развој на билатералните односи, посочувајќи дека правна рамка за соработка постои меѓу Македонија и Русија и оти сега треба да се овозможи што повеќе средби на компаниите од двете држави за меѓусебна соработка, преку повеќе бизнис средби. При тоа ја повтори поканата за руските компании од оваа област да ја посетат Македонија и да се сретнат со домашни компании.

- Владата ќе продолжи со иницијативите и напорите да се воведе бесцарински третман на македонски производи. Веруваме дека намалувањето на трошоците на компаниите преку укинување на царините е начин како да ги направиме поконкурентни и да се зголеми трговската соработка. На тој начин верувам дека поголем број руски компании ќе инвестираат во Македонија и обратно, бидејќи досегашните искуства се позитивни. Имаме руски компании кои се присутни неколку години во Македонија како Лукоилл, Солвеии, и верувам дека во блиска иднина ќе ги имаме и Протек групп, а веројатно и други инвестиции што ќе овозможи да се зголеми интензитетот на меѓусебната размена на стоки и услуги - истакна Ставрески.

Компании од градежниот сектор и други сектори од овој регион се заинтересирани за влез на македонскиот пазар, а дел и за проектот Сончев градд кој беше претставен за време на посетата на владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik